ООУ "Благој Кирков"


II место на конкурсот по француски јазик на тема: ЉУБОВТА Е НАСЕКАДЕ ОКОЛУ НАС…..ЧЕСТИТКИ!


Предавање – Трговија со луѓе

Предавање – Трговија со луѓе, за осмоодделенците



Училишен квиз натпревар


литературен конкурс

Уште еден успех за ООУ „Благој Кирков”!
Учениците од ООУ „Благој Кирков” уште еднаш ја покажаа својата љубов кон пишаниот збор и на најдобар начин ја завршија 2013 год.
Имено, на литературниот конкурс објавен по повод Денот на училиштето на ООУ „Даме Груев”-Градско, учениците од нашето училиште покажаа голем интерeс, а ученичката Радица Георѓиева од 8 б (9), под менторство на наставникот Горан Грков, го освои одличното II (второ) место.
Честитки за наградата со желби за уште повеќе успеси во Новата 2014 година!



Претставување на Франкофонска земја Тунис ,,La Tunisie”

На ден 19.12.2013 во салата Бели Мугри, училиштето Благој Кирков со останатите училишта успешно ја претставија Франкофонската земја Тунис.

Одговорен наставник:
Тања Анастасова



Литературен конкурс

По повод Денот на училиштето на СОУ Гимназија Кочо Рацин и распишаниот литературен конкурс (категорија-основни училишта), ученичката Радица Георѓиева од 8(9) одд, под менторство на наставникот Горан Грков,  освои I (прво) место.
Честитки и уште многу понатамошни успеси!



Државно првенство во карате Битола 2013

На ден 06.12.2013(петок) се одржа Државно Првенство во карате во Битола.На овој натпревар учество зема ученикот Димитар Арсов од ООУ Благој Кирков 8a одделение. Тој освои 4-то место од 32 деца предводен од менторот Игор Николов.Во категорија 6 и 7 одделение машки.Со ова ученикот се стекна со уште поголемо искуство.


“Once I had a nightmare…”

На распишаниот литературен конкурс од страна на англиската секција при ООУ„Кирил и Методиј“ Велес, по повод празникот Halloween (31 Октомври) ученичката Василија Јорданова го освои третото место, ментор Трајче Ќурчиев, честитки.


Стоп за сидата


Потпипшан меморандум за соработка меѓу ООУ Благој Кирков и ООУ Рајко Жинзифов

Заеднички екскурзии,проекти од областа на културата, екологијата, дружење, спортски натпревари. Ова се само дел од активностите кои заеднички ќе ги изведуваат учениците од ООУ „Благој Кирков“ и ООУ „Рајко Жинзифов“ од село Горно Оризари.